Што се колачиња (cookies)?

Колаче (eng. Cookie) е податок со мала големина што интернет страницата ја складира на компјутерот или мобилниот уред на посетителот. Колачето овозможува интернет Доколку при регистрација на вашиот кориснички профил ја одберете опцијата „ЗАПОМНИ МЕ“ сте одбрале преку користење на „колачиња“ страницата да ги запомни постапките т.е. Информациите кои се потребни за логирање. Но корисникот може да ги избрише во секое време или да постави забрана за чување во својот пребарувач. Најчестите причини за користење на колачиња се: идентификување на посетители, запомнување на специфични кориснички преференци, помагање во внесување на информации што веќе биле внесени за време на претходните посети, собирање податоци за анализа и промотивни кампањи и др. За повеќе информации погледнете на Политика за приватност

Гаранција на производи

Гаранција на производи Доколку производот е неисправен и треба да се сервисира, Ве молиме да ја проверите документацијата односно гарантниот лист кој е вклучен со вашиот производ и истовремено, постапете во согласност со инструкциите на овластениот сервисер. Ако производот е со одреден дефект и е во рамките на гарантниот период, купувачот треба да јави на нашиот овластен сервис во согласност со инструкциите на гаранција. Ако купениот производ е неисправен, и не одговара на описот на страницата, или едноставно, не ги исполнил очекувањата на клиентот, можете во рок од 14 дена од добивањето на артиклот да направите замена или враќање на производот. По истекот на рокот, купувачот треба да ги следи инструкциите кои се зададени во гаранцијата. Доколку имате било какви прашања или Ви се потребни појаснувања контактирајте не на телефонскиот број 02 3176 920 и 02 3176 907 или испратете еmail на info@ecotip.com.mk.

Како да се регистрирате?

Како да се регистрирате на filtracija.mk? Првиот чекор да направите нарачка е регистрација на корисник. Така ќе можете во потполност да ги искористете сите поволности кои ви ги нудиме. Доколку не сте регистрирани одберете РЕГИСТРИРАЈ СЕ. На образецот што ќе се појави треба да ги внесете вашето име, вашето презиме, вашиот телефонски број, името на компанијата, имејл адреса, лозинка и потврда на лозинката. Откога ќе го пополните образецот, одберете ИСПРАТИ по што процесот на регистрација е завршен. Доколку сте регистрирани, во горниот десен агол одберете НАЈАВИ СЕ   Внесете ја имејл адреса како и лозинката под кои што сте регистрирани и одберете „Најави се“. . Без грижа, вашите податоци се потполно безбедни бидејќи при пријава и регистрација се користат сигурносни протоколи кои оневозможуваат злоупотреба на лични податоци.

Како може да се нарача производ?

За да нарачате производ најпрво треба да бидете претходно регистрирани и најавени на filtracija.mk. Сите нарачки за производи се примаат 24 часа секој ден, во согласност со условите и правилата на filtracija.mk. Испорачувањето на нарачките се врши во рамки на работното време од 09 – 17 часот. Сите испораки се вршат само во градови и населени места во Р.Македонија.

Како се одвива плаќањето на производот?

Наплатата на производот може да се оствари со следните платежни картички од сите банки: Visa; Visa Electron; Mastercard; Maestro (само доколку има CVV2/CVC код на позадината од картичката), а наплатата се извршува преку нашиот партнер НЛБ Тутунска Банка.

Колку е безбеден процесот на наплата на производ со платежна картичка?

Секоја платежна трансакција на filtracija.mk се одвива преку сигурносниот систем на НЛБ Тутунска Банка и нивната безбедна и енкриптирана веб страна за наплата, која е поддржана од ACI Payment Systems, една од најголемите и најуспешни компании за обезбедување картични трансакции преку интернет. Целиот процес се одвива според сите светски стандарди за интернет наплата со највисоко ниво на сигурност и доверливост.

Каде би можело да се пријави евентуална рекламација на производ?

За било каква забелешка или рекламација во врска со испорачаните производи можете да не исконтактирате на телефонскиот број 02/3176920 или преку e-mail на: info@filtracija.mk. Враќањето на производите или средствата се врши според веќе утврдената политика на испорака и условите/правилата на користење.

Дали морам да се регистрирам т.е. да креирам сметка за да направам нарачка?

Не, регистрацијата не е задолжителна. За купување без регистрација oдбери ја опцијата „КУПИ БЕЗ НАЈАВУВАЊЕ“

Дали може да нарачам производ за друго лице?

Секако. Во таков случај кога ќе ја правите нарачката треба да ги наведете податоците за лицето на кое треба да се изврши испораката и истото ќе ја прими.

Дали податоците кои ќе ги оставам на интернет страната се се безбедни?

Интернет продавницата filtracija.mk, во согласност со прописите за заштита на личните податоци, обезбедува тајност и заштита на личните податоци од корисниците кои се регистрираат на веб страната или ги оставаат своите податоци при правење на нарачката и ги користи исклучиво за интерна употреба. Овие податоци не се достапни до трети лица. Тие не се продаваат, споделуваат или изнајмуваат на трети лица во било каков облик. Со цел соодветна заштита на личните податоци на своите корисници, filtracija.mk има своја Политика за приватност која утврдува како се третираат податоците на корисниците.

Што ако производот што го нарачав не одговара на описот?

Filtracija.mk се труди описот на производите кои ги продава на својата интернет страница да биде што е можно подетален, со цел нашите корисници полесно да ги дознаат сите нивни карактеристики. Сепак, доколку сметате дека одреден производ не одговара на неговиот опис, истиот може да ни го вратите во рок од најмногу 14 дена од неговиот прием, заедно со добиената фактура/сметка за истиот, но при тоа, потребно е производот да биде во неупотребена состојба, сместен во оригиналното пакување со сите придружни компоненти, по што ќе ви го вратиме износот којшто сте го платиле за производот (без износот за вклучена достава доколку таква имало) или во договор со вас, ќе го замениме со друг/и производи во иста вредност.

Која е процедурата за враќање на оштетен производ?

Доколку од било која причина производот што сте го добиле е оштетен, истиот може да ни го вратите во рок од најмногу 7 дена од неговиот прием, заедно со добиената фактура/сметка за истиот, но при тоа, потребно е производот да биде во неупотребена состојба – онаков како што сте го добиле, сместен во оригиналното пакување со сите придружни компоненти, по што ќе ви го вратиме износот којшто сте го платиле за производот (без износот за вклучена достава доколку таква имало) или во договор со вас, ќе го замениме со друг/и производи во иста вредност.

Која е цената на доставата?

Доставата е бесплатна.